Конте пред финалето со Севиља: Зборот „страв“ не постои во мојот речник

epa08614859 Headcoach Antonio Conte during the training session of Inter in Cologne, Germany, 20 August 2020. Sevilla FC and Internazionale will play the UEFA Europa League final on 21 August at the stadion in Cologne. EPA-EFE/Ina Fassbender / POOL

Интер и Севиља утревечер ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа.

Тренерот на Интер, Антонио Конте, сака дополнително да ги мотивира своите фудбалери пред утрешното финале и изјави дека само победниците се паметат.

Конте кој има искуство од настапи во финални натпревари како фудбалер, сега кога е тренер сака да ги види мотовирани и своите играчи бидејќи за противник имаат тим кој е специјалист за ЛЕ, Севиља дури пет пати триумфира во ова натпреварување во последните 15 години.

– Играв многу финалиња како фудбалер, победував но и губев во нив. Луѓето паметат само кога ќе победите. Ја освоив Лигата на шампионите, но исто така загубив три пати во финалето. Во историјата се памети само титулата, мора да бидеме горди бидејќи ова е прво финале за Интер по 10 години. Историјата ја пишуваат победниците и тоа треба да претставува дополнителна мотивација за сите нас – вели Конте.

Тренерот на Интер е убеден дека неговите фудбалери го мислат и чувствуваат како и тој, дека нема страв од Севиља.
– Ќе дадеме се од себе да ги израдуваме навивачите, клубот… Зборот страв не постои во мојот речник. Ја почитуваме Севиља и нејзината историја, ги респектираме, но ние сме во финалето бидејќи имаме свои карти кои треба да ги одиграме – изјави Конте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот