Конфекција од Прилеп се понуди да изработи бесплатни заштитни маски

Трошоците за работна рака нема да ги наплаќаат, а ќе сносат и дел од трошоците за снабдување на основниот и помошен материјал за изработка.

Конфекцијата Кули од Прилеп која е финансиски поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој, нуди помош, односно бесплатна изработка на медицински маски за заштита.

Трошоците за работна рака нема да ги наплаќаат, а ќе сносат и дел од трошоците за снабдување на основниот и помошен материјал за изработка.

Од Фондот за иновации и технолошки развој ги молат компаниите чија дејност е производство на заштитни маски или други соработници со кои може заеднички да се реализира овој проект, да го контактираат менаџерот на конфекција Кули, Александар Мариновски на 070 308 603.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот