Конечно отплови бродот со хуманитарна помош за Газа

Конечно отплови бродот со хуманитарна помош за Газа / Фото ЕПА KATIA CHRISTODOULOU

Со задоцнување од неколку дена поради технички причини, бродот „Open Arms“ со околу 150 тони хуманитарна помош за Газа рано утрово отплови од пристаништето во Ларнака на Кипар, а е во рамките на иницијативата „Амалтиа“ за поморскиот хуманитарен коридор.

Според кипарските медиуми, патувањето на бродот до Газа ќе трае два дена, а пренесува околу 150 тони што вклучува храна, вода и медицински материјали.

Првичниот план беше бродот да отплови во неделата попладне, потоа беше одложено за вчера претпладне, а доцнењето се должеше на технички проблеми, односно на фактот што во Газа не била подготвена платформата на која ќе биде доставена хуманитарната помош.

Претседателот на Кипар Никос Христодулидис на Х утрово напиша дека „Амалтиа“ е „патување на надеж и хуманост и само што започна“.

-Првиот брод во рамките на иницијативата за кипарскиот поморски коридор за хуманитарна помош за Газа исплови. Претставува спас за цивилите, напиша Христодулидис.

Во иницијативата „Амалтиа“ за поморски хуманитарен коридор за Газа се вклучени ЕК, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, САД и Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот