Конечно го напушти Реал Мадрид, Иско доаѓа во Севиља

Иско по девет години си заминува од Реал Мадрид/фото: EPA-EFE/MARISCAL

Екипата на Севиља доби големо засилување пред почетокот на сезоната во која тимот ќе игра а три фронта, Лигата на шампионите, Ла Лига и Шпанскиот кралски куп.

Нов член на Севиља е Иско, кој по девет години си замина од Реал Мадрид откако во последните неколку сезони почесто седеше на клупата отколку што играше. Сепак, Иско беше дел од „Кралскиот клуб“ во петте триумфи во Лигата на шампионите и одигра вкупно 246 натпревари и постигна 37 голови.

Пред Реал, Иско играше за Малага со која во 2013 година стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Според новинарот, Фабрицио Романо, Иско во Севиља доаѓа како слободен играч и се очекува утре да стави потпис на двегодишен договор откако ќе ги помине лекарските прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот