Концертот „Лејдис енд Џемтлмен” поради дождот презакажан за понеделник

Концертот „Лејдис енд Џемтлмен” што требаше да се одржи вечер на сцената на отворено во амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, поради дождот е презакажан за понеделник, 31 август.

Како што соопштија за МИА од Општина Велес, концертот ќе се одржи во понеделник на истата сцена во 20 часот, но само ако дозволуваат временските услови.

Концерот е дел од манифестацијата Велешко културно лето 2020″ што со богата културна програма го организира Општина Велес.

На концертот во гудачкиот квинтет покрајТрајковска ќе настапат и Наташа Диденко, Сандра Крстевска, Магдалена Попоска и Љубица Бошкоска. Гости на концертот се Трио Џентлмен.

На  програмата на концертот „Лејдис енд Џентлмен”,  Пламенка Трајковска низ мултимедијално доживување ќе го претстави својот опус, наменет за вљубените во убавиот звук на виолината, во обработките на народните песни.

Концертот „Лејдис енд Џентлмен” премиерно беше изведен како јубилеен концерт на Пламенка Трајковска во рамките на овогодишното издание на Скопско лето и беше сниман од Македонската телевизија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот