Комшиќ: Нека не се занесуваат со уцени, Република Српска нема да добие ништо од тоа што го бара

По повод вчерашниот говор на Додик во Народното собрание на Република Српска и најавената блокада во одлучувањето на заедничките државни органи, Комшиќ тврди дека сето тоа ќе и се удри од глава и ќе и нанесе најмногу штета токму на Република Срспка.

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, изјави денеска дека нема ништо да има од најавениот „егзит” на Република Српска, а на српскиот колега во државниот врв, Милорад Додик, му порача, како што кажа, дека нема да добие ниту најмала отстапка околу статусот на Уставниот суд, пренесе сараевскиот весник „Дневни аваз“.

По повод вчерашниот говор на Додик во Народното собрание на Република Српска и најавената блокада во одлучувањето на заедничките државни органи, Комшиќ тврди дека сето тоа ќе и се удри од глава и ќе и нанесе најмногу штета токму на Република Срспка.

-Нека во РС не се занесуваат со уцени. Нема да добијат ништо од тоа што го бараат, ниту било каква концесија што вообичаено е дел од тактиката. Бараш невозможно за да добиеш нешто. Ако е блокада, тогаш нека биде блокада, рече Комшиќ додавајќи дека „нема да има попуштања нити за милиметар“.

Тој оцени и дека во РС се загрижени од плановите кои самите ги смислија, па сега е веќе очигледно, како што вели, дека се обидуваат да ја разводнат целата приказна околу блокадата на работата и одлучувањето во државните тела на власта во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот