Комплетиран трансферот на Митровиќ, српскиот голгетер потпишува договор вреден 50 милиони евра

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Комплетиран е трансферот на Александар Митровиќ во Ал Хилал и во тоа повеќе нема никакви дилеми.

Митровиќ го пропушти денешниот натпревар на Фулам и воопшто не беше во протоколот за натпреварот со цел да го заврши својот трансфер во Саудиска Арабија.ж

„Тригодишниот договор договорен уште пред неколку недели. Вреден е повеќе од 50 милиони евра. Документите се проверуваат и ќе бидат потпишани. Летот е резервиран за вечерва по лекарските птегледи во Париз. Договорот е со важност до 2026 година“, објави експертот за трансфери, Фабрицио Романо.

Митровиќ во Ал Хилал ќе му се придружи на својот сонародник Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Нејмар кои претходно пристигнаа во овој клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот