Компакт-диск: „Македонисимо“ на Трпчески и пријателите излезе под етикета на „Лин рекордс“

Престижната британска етикета „Лин рекордс“ го објави албумот „Македонисимо“, зад кој стојат македонскиот врвен пијанист Симон Трпчески и неговите музички пријатели.

На овој албум на многу уникатен начин се обработува македонската народна музика од страна на македонскиот композитор Панде Шахов, кој со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи ја со различни музички стилови. Уникатниот тим на пријатели го сочинуваат Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад ударалките е Влатко Нушев.

На изданието работеа продуцентот Џереми Хејс и инженерот за звук Бен Конелан. Албумот е снимен во Сафолк во Источна Англија.

– Неизмерно сум среќен што по тригодишното нижење на сиот тој материјал на концертните сцени низ целиот свет, дојде денот да се појави на носач на звук, кој на сите луѓе што го или не го слушнале на концертите во живо, ќе им овозможи тоа да го сторат и на композициите да им се навратат кога ќе посакаат – изјавил Трпчески по излегувањето на албумот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 48, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот