„Комити“ побараа реконструкција: Ова не е тој Вардар заради кој што дојдовме!

Скопските „црвено-црни“ ги разочараа своите навивачи со поразот од Воска Спорт/Фото: KOCHO S. PHOTOGRAPHY/facebook.com/KomitiZapad87

Фудбалскиот клуб Вардар сезонава настапува во Втората лига – Запад преку која ќе се обиде да се врати во најдоброто друштво.

Денеска скопските „црвено-црни“ на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид во еден од важните натпревари загубија од составот на Воска Спорт (2:1) што е нивни втор пораз по ред.

Навивачката група „Комити“ која секогаш ја дава поддршката за ФК Вардар, овојпат повторно беше разочарана со новиот пораз и преку својата официјална фејсбук страница побараа реконструкција со цел тимот да се врати на правиот пат.

– РЕКОНСТРУКЦИЈА. Ова НЕ Е тој ВАРДАР заради кој што дојдовме и покрај сите забрани! – објавија „Комити Скопје“.

Моментно во Втората лига – Запад играчите на Вардар се на третата позиција со 20 бодови, пет помалку од второпласираната екипа на Вардар, а на врвот е кратовски Силекс (34).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот