Ист Гејт Мол - Скопје/ Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Комисијата за заразни болести подготвува нови рестрикции за невакцинираните

Комисијата за заразни болести утре ќе донесе рестриктивни мерки за невакцинираните граѓани, дознава „Слободен печат“ од високи извори во министерството за здравство.

Уште не е одлучено каква ќе биде формата, но нашите извори се децидни дека некакви дополнителни задолженија за невакцинирани ќе има.

Не се исклучува воведување задолжително тестирање на невакцинирани пред влез на работни места или објекти.

Владата на Австрија воведе забрана за движење на невакцинираните, која стапува во сила на полноќ, заради спречување на ширењето на коронавирусот.

Според указот на Владата, на невакцинираните граѓани постари од 12 години им се забранува да ги напуштаат домовите во наредните 10 дена, освен поради основните активности, како што се одење на работа, во продавница, на прошетка или да се вакцинираат.

Забраната, која ќе трае 10 дена, ќе погоди околу 2 од 8,9 милиони Австријци. Таа не се однесува на децата до 12 години, кои засега не може да бидат вакцинирани. Владата побара од полицијата да проверува дали присутните на јавни места се вакцинирани.

Петличковски: Ги оправдувам рестрикциите за невакцинирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот