Комерсант: Вучиќ среќен по средбата со Путин, шпионскиот скандал остана во минатото

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY/POOL

За претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, „шпионскиот скандал” очигледно остана во минатото, пишува московскиот весник „Комерсант” во текст посветен на вчерашната средба на двајцата претседатели во Сочи.

Никогаш досега го немаме видено Вучиќ, толку просветлен и толку полн со обожавање на Путин. Очигледно, за двајцата политичари, шпионскиот скандал остана во минатото, при што (за некои) многу дамнешно минато, пишува известувачот од Кремљ на Комерсант, Андреј Колесњиков.

Во написот под наслов „Србинот наш насушен”, весникот додава дека Вучиќ „го удавил рускиот претседател со лавина љубов, зборувал исклучиво на руски јазик, иако протоколот во вакви случаи не го подразбира тоа”.

Комерсант пишува дека средбата, заедно со ручекот, траела околу три часа, и дека Вучиќ, излегувајќи пред новинарите, „изгледал како среќен човек”, кој, како што излезе, „немаше намера тоа да го скрие “.

Комерсант наведува дека во разговор со бројните српски новинари, му било кажано дека ќе се постави прашање за шпионскиот скандал, но по средбата, „такво прашање српската страна не можела ни да постави”.

– Вакво прашање на Вучиќ по неговата патетичност без преседан би изгледало не само дрско, туку и неприродно, пишува Комерсант во текстот, во кој се додава да „Вучиќ буквално ги туркаше разговорите за продолжување на транзитот на гас, играјќи на страната на рускиот претседател, а од друга страна, стави на знаење дека Путин му дозволил да купи гас на други места, ако има потреба, т.е. се осигура доколку преговорите со Украина завршат во ќорсокак” , проценува Комерсант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот