Комерцијална банка со нова давачка и со поголеми провизии за поголемите исплати

Гужва пред комерцијална банка / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Провизии се наплатуваат и за корисниците на социјална помош и за корисниците на надоместок по основ на технолошки вишок, децидна е Банката

Комерцијална банка ги извести своите корисници преку СМС порака да се подготват за нова давачка, но и дека има нови провизии за подигање на готовина од трансакциска сметка. Според известувањето, од 20.12.2022 година исплататата на готовина од шалтерите ќе биде 0,1 процент од поединечен налог, но минимум 30 денари, а максимум 500 денари. На официјалната страница на Банката е дообјаснето и се потенцира дека ова ќе важи и за пензионерите и за корисниците на социјална помош и за корисниците на надоместок по основ на технолошки вишок. Но, ако се погледа актуелниот ценовник на Банката може да се види дека и сега овие категирии плаќаат провизии.

Фото: Принсткрсин

Сега за подигање на готовина од шалтерите на банката за налог до 60.000 денари, провизијата е 30 денари, а за налог над 60.001 денари, провизијата е 60 денари. Со оглед на висината на социјалните надоместоци, тие и од 20-ти декември, како и досега, на шалтер ќе се исплаќат со надоместок од 30 денари. Според , тарифникот што ќе се применува од 20 – ти декември, поголема провизија од 30 денари, ќе имаат плаќањата од 30.000 денари.
„Почнувајќи од 20.12.2022 Банката ќе изврши измена на надоместокот за исплата на готовина од денарска трансакциска сметка “, извести Комерцијална банка.
Оттаму информираа и дека од 20.12.2022 година ќе се водведе надоместок за исплата на готовина од шалтерите на Банката од девизните трансакциски сметки и од неорочените денарски и девизни депозити. Прозвизите се исти како и кај подигање на пари од трансакциска сметка – 0,1 процент од поединечен налог, но минимум 30 денари, а максимум 500 денари. За орочените депозити ваков надоместок не се воведува. Сега пак, сите исплати во готово од шалтерите на Банката за клиенти кои подигнуваат готовина од штедна книшка на Банката се без надомест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот