Колку е силна врската меѓу фудбалските хулигани, криминалот и политиката на Балканот?

фото: fcshkupi.com

Колку фудбалските хулигани од Балканот се поврзани со криминалот и политиката? Одговор на ова прашање дава последното истражување на организацијата Глобална иницијатива против транснационален организиран криминал.

Во документот насловен како „Опасни игри: Фудбалски хулиганизам, политика и организиран криминал во Западен Балкан” се заклучува дека регионалните фудбалски хулигани меѓу кои и оние од Македонија се впуштаат во насилство во фудбалското милје и некои од овие хулигани се вклучени во организиран криминал.

Во изјава за „Слободен Печат“ еден од авторите на ова публикација Саша Ѓорѓевиќ координаторот на „Глобална Иницијатива“ за Србија и Црна Гора вели дека Хулиганите во Западен Балкан се познати по употребата на насилство, особено на дерби натпреварите и против полицијата.

 

– Она што е помалку познато е дека локалните политичари понекогаш користат хулигани за да ги унапредат своите интереси, а во некои случаи постојат врски меѓу хулиганите и криминалните групи – додава авторот.

Тој подвлекува и дека тие во своето истражување заклучиле дека 78 од 122 навивачки групи во Западен Балкан се „ултрас“, страсни и добро организирани здруженија на фудбалски навивачи. Сепак, според авторот 21 од овие 78 групи може да се сметаат за хулигани, што претставува безбедносен ризик.

Фото : Графички приказ на сите навивачки групи во Западен Балкан

Во делот кој се однесува на Македонија, „Глобална Иницијатива“ пишува дека највлијателните ултрас-групи се во главниот град Скопје, каде што Македонците се мнозинство. Комити го поддржуваат ФК Вардар и се доминантна навивачка група во земјата, и по бројност и по моќ. Друга важна група во Скопје е Шверцерат, која го поддржува ФК Шкупи – клуб популарен кај албанската етничка заедница во градот. Во Тетово, град во северозападниот дел на земјата каде што Албанците се мнозинство, Балистет ја поддржува ФК Шкендија, додека Војводи се поддржувачи на ФК Тетекс.

Во делот на документот за нашата земја се додава и дека на југот од државата има неколку групи: Чкембари од Битола навива за ФК Пелистер; додека навивачите на ФК Победа од Прилеп се Мајмуни. Навивачи на ФК Охрид 2004 се Рибари, а Ајдуци навиваат за ФК Беласица во Струмица. Највлијателна група во северниот дел на земјава е Кумани, која навива за ФК Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот