Колку често треба да се менува постелината во текот на пандемијата
Претходни истражувања покажале дека повеќето луѓе предолго спијат на иста постелнина, а тоа сега, во време на пандемија на коронавирус, би можело да биде уште поопасно. Стручњаците предупредуваат дека постелнината треба да се пере најмалку еднаш неделно, пишува The Sun.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Освен микроскопските штетници, грини, кои се размножуваат на валкана постелина и можат да предизвикаат здравствени проблеми, креветот може да биде плодно тло за вируси и бактерии. Ако сте болни, од клучна важност е да ја менувате постелината почесто од еднаш неделно и да ја перете на висока температура.
Загрижува податокот дека испитаниците во новата студија спијат на иста постелнина во просек 12 дена. Пижамите и јастучниците би требало да се исперат исто така еднаш неделно – јастучниците дури и почесто ако имате навика да спиете на стомак.
Многумина забораваат дека е потребно да се перат и перниците и прекривките барем еднаш во три месеци. Душекот треба длабински да се исчисти еднаш годишно.
Дури 64% од луѓето потенцијално внесуваат нечистотија во креветот ако не се истушираат пред да си легнат, додека 12% од испитаните признале дека не се тушираат секој ден. Мажите во тој случај се поголеми престапници од жените.


