Колинда по мандатот ќе остане да се бори за заштита на жените и децата во Хрватска

Грабар-Китаровиќ планира времето во иднина да го посвети во заштита на жените, децата и ранливите категории граѓани од насилство.

Се уште актуелната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека нема намера да ја напушти земјата откако новоизбраниот претседател Зоран Милановиќ и официјално ќе ја преземе функцијата, јави дописникот на МИА.

Грабар-Китаровиќ планира времето во иднина да го посвети во заштита на жените, децата и ранливите категории граѓани од насилство.

За порталот 24часа.хр, таа изјави дека и по изборите се чувствува добро.

– Кога една врата ќе се затвори, друга ќе се отвори. Се гледам како се занимавам со заштита на слабите, ја промовирам заштитата од насилство врз жените и децата, но и врз животните, изјави Грабар-Китаровиќ за порталот.

Таа најави и дека од крајот на својот мандат ќе одработи уште неколку однапред закажани состаноци и службени патувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот