,,Кока-Кола” се врати на полиците во Хрватска

Фото : Архива

Огромната паника поради труење со напиток од најголемата мултинационална компанија ,,Кока Кола” спласна и веќе од вчера за хрватската јавност тоа не е најголема тема. Нема стории на ударните вести за ова, а ни детални објаснувања како средство за чистење завршило во чаши и шишиња од минерална вода на овој производител.

Само ден претходно од минута во минута се менуваа лабораториските извештаи на различните надлежни служби, а сега во медиумите нема ни збор за настанот кој новинарите во Хрватска го нарекуваа ,,една од најголемите прехранбени афери”.

Истовремено, стигнуваат и информации дека големите трговци ја враќаат Кока Кола на полиците и дека примероците се здравствено безбедни. Се оди во насока на смирување на паниката. Се огласи министерот за здравство на Хрватска Вили Берош кој вели дека нема место за паника.

Претходно претставникот за Кока Кола, Бруно Јелиќ изјави дека после неколку денови компанијата може да каже дека се работи за еден изолиран случај кој е поврзан со едно нивно стаклено шише. Тој им се заблагодари на потрошувачите и на сите кои им дале поддршка.

Извор Политика.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот