Која е најиновативната земја во светот?

Иновацијата е клучен двигател на растот и просперитетот. Кина постигна напредок на скалилата, а Соединетите држави опаѓаат.

Според најновиот индекс за иновации „Блумберг 2020“, Германија е најиновативната земја во светот.

По Германија следат Јужна Кореја, Сингапур, Швајцарија и Шведска, а во првите десет се и Израел, Финска, Данска, САД и Франција.

Германија се рангираше на првото место меѓу најиновативните земји во светот оваа година, откако Јужна Кореја ја имаше лидерската позиција шест години, при што САД паднаа на деветтото место. Од земјите во регионот, на листата на „Блумберг“ е Словенија, која се наоѓа на 21 место, а Хрватска на 43 место.

– Иновацијата е клучен двигател на растот и просперитетот. Кина постигна напредок на скалилата, а Соединетите држави опаѓаат, со што е јасно дека без да се инвестира во образование и истражување на трговските тарифи, тоа нема да ја одржи економската предност на Америка”, се вели во извештајот на „Блумберг“.

Во годишниот индекс на иновации во „Блумберг“ се оценуваат критериумите како што се трошоците за истражување и развој, можностите за производство на компаниите и концентрација на високо-технолошки компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот