Кој се сомнева во броилото за струја, да се обрати во Биро за метрологија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами ги повика сите граѓани што имаат некаков сомнеж во правилното мерење на потрошена електрична енергија да се обратат до Бирото за метрологија.

– Нашите инженери професионално вршат проверка на електричните броила и тие се точни според дозволените параметри и стандарди на ИЕЦ. Верификација е постапка со која се потврдува дека броилото е во согласност со пропишаните услови и дека ги исполнува прописите и другите акти за верификација, односно се потврдува класата на точност на броилото. По констатацијата дека грешките се во рамките на максимално дозволените за дадената класа на точност, инженерите сатаваат жиг. Лабораторијата во која се испитуваат електричните броила е акредиторана според стандартот 17 020 од Институтот за акредатација на Република Северна Македонија. Ние како Биро за метрологија секогаш излегуваме во пресрет на граѓаните кои се пожалиле на точноста на броилата и секогаш го повторувале испитувањето за да се надминат двоумењата на грѓаните. Министерството за економија и Бирото за метрологија ги повикуваат сите граѓани што имаат сомнеж за броилата, слободно да се обратата до нашата институција – изјави Авдуљ Сељам Селами.

Претседателот на Управнит одбор на ЕВН Македонија Волфганг Мајер рече дека „точното мерење на броилата е нешто основно во компанијата“.

-Точно знаеме што влегува, а што излегува од нашата мрежа. Броилата се набавуваат од ЕУ по сертифицирани стандарди – потенцира првиот човек во ЕВН.

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами денеска ја посетија подружницата на ЕВН Македонија во Бутел за да направат увид на лабараторијата каде што се врши тестирање на бриолата за електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот