Книжевен превод на „Артконект“: Волшебна шведска приказна со модел од стварноста

Инспирирана од делата и животот на шведската сликарка Берта Хансон, од нејзините писма и записите во нејзиниот дневник, писателката Сара Лундберг ја создава топлата и волшебно раскажана книга „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.

„За ликот на Берта употребив модел од стварноста. Сакав да доловам чувство на ранливост, на живот што пулсира, на крв што струи под кожата. Да ги покажам варијациите во бојата, во сенките, во температурата. Како понекогаш кожата блеска“, објаснува авторката Сара Лундберг.

За „Птицата во мене лета каде што ќе посака“ Сара Лундберг го има добиено најпрестижното шведско признание за книжевност, наградата „Аугуст“. Авторката Сара Лундберг студирала на Кралската уметничка академија во Стокхолм, а своите дела ги има изложувано на триесетина самостојни и групни изложби во Шведска и низ светот. Активно работи како илустраторка на книги.

Книгата на македонски јазик е објавена како дел од проектот „Европски приказни на надеж“ на издавачката куќа „Артконект“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Преводот е на Родна Русковска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 106, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 20-21 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот