Книжевен превод: „Македоника литера“ ја објави книгата „Во време на епидемија“

Издавачот „Македоника литера“ ја објави книгата „Во време на епидемија“ на италијанскиот писател Паоло Џордано, во превод од италијански јазик на Анета Симовска. По италијанското издание, објавено пред еден месец, речиси истовремено книгата се објавува во 29 земји од 31 издавач.

Првите реакции на читателите во светот се над сите очекувања. Првиот ден по објавувањето, само во Јапонија биле продадени повеќе од 200.000 примероци од електронското издание, а во Франција повеќе од 150.000 примероци.

Профитот од објавувањето на книгата ќе се донира во добротворни цели за научни истражувања и за мерките за управување со здравствената криза.

Паоло Џордано (1982) е еден од најзначајните и најпродавани италијански писатели. Доктор е по физика, автор е на уште четири романи, а новата книга ја напишал во еден здив, за време на карантин. „Во време на епидемија недостигот на солидарност, пред сè, е недостиг на имагинација“, тврди Џордано.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 29, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 1-3 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот