Книга на месецот во Градската библиотека во Скопје е романот „Писмо за Глорија“ на Живко Грозданоски

Претставување на авторот и делото – Александра Јуруковска и Живко Грозданоски

Книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје е „Писмо за Глорија“ на Живко Грозданоски. Изборот на книгата е во рамките на големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Библиотеката ја спроведува веќе втора година како поддршка на домашната издавачка продукција и промоцијата на македонскиот јазик.

Романот „Писмо за Глорија“, издание на „Или-или“, е слоевито дело кое, меѓу другото, говори и за пишувањето како еден вид терапија.

– Романот се роди од белешки, од потребата да пишувам за себе, за прифаќањето. Многу од тие приказни се и автобиографски и автофикциски. Во книгата пишувањето е и прифаќање и терапија и простување и исцелување. Тоа, пак, ме донесе до ново поглавје во пишувањето – работилници за автофикциски расказ како терапевтско средство – подвлече Живко Грозданоски во разговор за книгата „Писмо за Глорија“ што се одржа во Градската библиотека.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца.

Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018).

Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 226, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 13-14.4.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот