Кличко се враќа во рингот?!

твитер

Поранешниот украински боксер Владимир Кличко со последните објави на социјалните мрежи ги наведе боксерските фанови дека се враќа во рингот.

Кличко на Твитер објави тизер и ги праша своите фанови која идеја за бокс меч повеќе им се допаѓа: против Ентони Џошуа, Тајсон Фјури или Деонте Вајлдер.

Украинецот веќе има боксувано со двајца од тројцата наведени боксери, Фјури и Џошуа и на два претрпе пораз. Во 2015 година е поразен од Тајсон Фјури, додека две години подоцна загуби и од Џошуа.

Во меѓувреме се повлече од боксот, но сега планира да се врати и да го собори рекордот на Џорџ Форман кој со 45 години е најстариот шампион во тешка категорија. Кличко е сопственик на друг рекорд, тој е боксер кој најдолго време бил шампион, дури 4.382 дена.

Владимир Кличко својата професионална кариера ја започна 1996 година и боксуваше до 2017 година и поразот од Џошуа, а за тоа време имаше 69 борби на кои има 64 победи (53 со нокаут) и само пет порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот