Фото: „Лек“ - Љубљана

Ќе се казнуваат матичните лекари кои од ракав препишуваат антибиотици

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски, денеска најави засилена контрола и казнени мерки за матичните лекари кои ги надминуваат дозволените квоти за препишување антибиотици.

Ова доаѓа откако беше објавен алармантниот податок дека лекарите антибиотикот „сумамед“ лани го издавале за дури 23 отсто повеќе откоклу минатата година.

Новата политика претставува „условување на зголеменото вреднување на капитацијата на лекарите со поголема одговорност кон ресурсите“, рече Клековски.

ФЗОМ планира да го искористи системот на „Е-рецепт“ за да ја ограничи нерационалната потрошувачка на антибиотици и анксиолитици, со што институцијата се обидува да воспостави ред во фармакотерапијата и да ги намали непотребните трошоци кои го оптоваруваат здравствениот буџет.

– Системот ќе ги заштити и докторите од притисоците да се пропише готова терапија, бидејќи ние знаеме дека некогаш притисокот доаѓа и од осигурениците, од граѓаните дека сакаат некој лек да го добијат без оглед дали тој е соодветен за нивната индикација. Важно е и јакнењето на јавната свест. За нас најкритична е употребата на „сумамед“, кој треба да биде антибиотик за последна линија на одбрана, а минатата година имавме 23 отсто зголемување во неговото издавање, рече Клековски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот