Киви: Овошје што го регулира нивото на холестерол во крвта

unsplash
Фото: Unsplash

Кивито е многу вкусно овошје со киселкаст вкус, кое е здраво да се јаде. Ова овошје со карактеристични плодови е богато со многу важни микроелементи и минерали, како и со витамините А, Б и Ц.

Интересно е тоа што малкумина знаат дека само едно киви на ден ја задоволува дневната потреба од витамин Ц. Тоа воедно помага во подобрување на имунитетот и отпорноста на организмот кон
различни видови инфекции.

Холестеролот во организмот има важна улога за работа на органите, бидејќи е дел од многу важни процеси во организмот. Тој може да се подели на добар и лош, а високото ниво на вториот може да доведе до заболувања на кардиоваскуларниот систем. За да може да се контролира нивото на холестерол во крвта, лекарите препишуваат различни медикаменти, како и диети за негово намалување. Медикаментозната терапија може да се замени со народната медицина, во која многу плодови и зеленчуци помагаат во намалување на високиот холестерол.

unsplash

Еден од популарните начини е редовно јадење киви. Актинидинот е уникатен ензим што го содржи ова овошје, а истовремено има способност да влијае врз намалување на штетниот холестерол. Покрај тоа кивито содржи целулоза, која го помага согорувањето на маснотиите и намалување на холестеролот во крвта. Но, при негова консумација треба да внимаваат луѓето што имаат гастрит поради зголеменото ниво на киселост кај кивито, како и луѓето што имаат други проблеми со гастроинтестиналниот тракт.

Искористете го за омекнување месо

Кивито во кулинарството освен за десерти се користи за омекнување риби и месо, а тоа е благодарение на ензимот актинидин што го прави месото помеко. Освен како свежо овошје, тоа може да се консумира и преработено. Најчесто се суши и се користи за правење разни сирупи, слатки, кремови, мармалади, салати, сладоледи и други јадења и пијалаци. Со киви се прават диететски сокови, безалкохолни коктели во комбинација со други видови овошје, алкохолни коктели
кои содржат бурбон, кампари и текила. Исто така, се користи за декорација на торти, палачинки, овошни салати, кремови и друго.

unsplash

Како лесно да го излупите

Она што за многумина е проблем е лупењето на кивито. Тоа има специфична влакнеста и многу тенка кора. Колку е позрело, толку е потешко да се излупи, затоа што во најголем процент содржи вода. Кога ќе решите да јадете киви има повеќе варијанти за лупење, но кој е најлесниот, без да го оштетите овошјето?

Една од варијантите е со обичен нож или ноже за овошје да се излупи кората и да се јаде она што ќе остане од него, бидејќи вака се оштетува месестиот дел. Друга варијанта е исто добро позната, а се прави со лажица. Прво кивито се сече на пола и потоа со лажица внимателно се поминува покрај кората, да се одвои месестиот дел. И последната варијанта е малку чудна, но соодветна ако го користите кивито за овошна салата. И за овој начин прво треба да го исечете кивито на пола, а потоа маталка од миксер ставете ја внатре и завртете еднаш, така што ќе се одвои кората од месестиот дел. На овој начин воедно добивате и киви исечкано на парченца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот