Кирјос: Уште три победи и не морам повеќе да играм тенис

Австралискиот тенисер Ник Кирјос/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Ник Кирјос забележа голема победа на грен слем турнирот „УС Опенелиминирајќи го ланскиот шампион Данил Медведев за пласман во четвртфиналето.

Австралискиот тенисер за влез во полуфиналето ќе игра против уште еден руски натпреварувач, Карен Хачанов.

Кирјос никогаш до сега во својата кариера нема освоено грен слем титула, најблиску беше годинава кога во финалето на „Вимблдон“ загуби од Новак Ѓоковиќ (Србија).

По мечот со Медведев, Австралиецот истакна што беше пресудно да се направи добар резултат.

– Отсекогаш ме учеле да останам во сегашниот момент, но тоа е навистина тешко. Кога направив брејк во четвртиот сет, почнуваш да размислуваш околу целта. Се обидов да ги блокирам тие мисли, да се концентрирам на сервисот. Не се прославив многу, тоа е само четврто коло, но тоа беше неверојатно искуство. Да се триумфира против светскиот број 1 на Артур Еш – рече Кирјос.

Исто така објасни што ќе се случеше доколку доживееше пораз од Медведев.

– Да изгубев, ќе ме чекаше настапот во двојки, а потоа правецот дома. Мислам дека го симнува притисокот од нас што поминавме успешни неколку месеци и дека си одиме дома, но во исто време, има уште работа пред нас. Ова е последниот најголем турнир во годината, мораме да одиме напред, да се охрабруваме и да бидеме позитивни. Потенцијално уште три мечеви, па никогаш повеќе нема да играме тенис – се зборовите на 25 играч на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот