ВИДЕО: „УС Опен“ ќе добие нов шампион, Кирјос го елиминираше Медведев

Четврта победа на Ник Кирјос во петте меча со Данил Медведев/Њујорк, САД/4 септември 2022/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Ник Кирјос се пласираше во четвртфиналето на „УС Опен“, откако во осминафиналето го совлада ланскиот шампион Данил Медведев со 3:1 во сетови 7:6 (11), 3:6, 6:3, 6:2.

Австралискиот тенисер на грен слем турнирот во Њујорк (САД) по два часа и 56 минути игра успеа го елиминира бранителот на титулата. Тоа беше четврта победа на Кирјос во петте меча со рускиот тенисер.

– Тоа беше одличен мечот, Данил е бранителот на титулата. Имаше голем притисок на неговите рамена. Сепак, играв многу добро во последните неколку месеци. Какво место да се направи ова, полн стадион во Њујорк, многу сум среќен – рече Кирјос по мечот.

Кирјос за пласман во полуфиналето ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој беше подобар од Пабло Карењо Буста со 3:2 (4:6, 6:3, 6:1, 4:6, 6:3).

Медведев по поразот на „УС Опен“ сигурно ќе го загуби првото место на АТП-листата, а него би можеле да го наследат Рафаел Надал, Карлос Алкараз или Каспер Руд, зависи од резултатите во Њујорк.

Позната е уште една четвртфинална двојка, Беретини ќе се соочи со Руд, додека останатите два четвртфинални парови ќе ги дознаеме по завршувањето на мечевите Ивашка – Синер, Чилиќ – Алкараз, Нори – Рубљов и Тијафо – Надал.

Во женска конкуренција исто така се познати две четвртфинални двојки Гоф – Гарсија и Жабур – Томљановиќ. Во осминафиналето се закажани овие дуели: Швјонтек – Нимејер, Квитова – Пегула, Азаренка – Плишкова и Колинс – Сабаленка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот