Кина со правна борба против „импулсивните“ разводи: Не важи истиот закон за жените и мажите

Unsplash
Фото: Unsplash

Кинеските парови периодов брзаат да поднесат барање за развод пред да стапи на сила новиот закон, кој разделбата во најнаселената земја во светот ќе ја претвори во многу потежок и подолг процес.

Новиот закон, кој беше усвоен во мај минатата година, но кој дури сега стапува на сила, предвидува паровите да почекаат 30 дена пред да поднесат барање за развод. Ако која било од страните одлучи да ја повлече одлуката во тој период, оштетената страна мора повторно да поднесе барање за развод и 30-дневниот период започнува одново.


Ченг Кјао, професор на Правниот факултет во Универзитетот Цингуа, изјави дека целта на законот е да ги спречи „импулсивните“ разводи.

„Можеби се скараа околу домашните работи и се разведоа во бес. Потоа, еден од нив може да зажали. Ние мора да спречиме ваков вид на импулсивен развод“, изјави професорот – пренесува Гардијан.

Некои сметаат дека овој потег е начин Кина, земја која го става „хармоничното семејство“ во срцето на својата култура, да ги обесхрабри паровите да се разведат. Кинеските власти се надеваа дека карантинот ќе доведе до многу нови бебиња, но стапката на наталитет всушност опадна.

Стапките на разводи во Кина растат постојано во последните петнаесет години. Околу 1,3 милиони парови се развеле во 2003 година, но до 2018 година тој број се искачи на 4,5 милиони, според Блумберг.

Законот за периодот на „чекање“ пред разводот прави исклучоци во случајот на семејно насилство, но адвокатите велат дека во реалноста тој дополнително ќе ја комплицира постапката за жртвите на семејно насилство.

„Мажите можат да одлучат дали сакаат да се разведат или да ја повлечат нивната апликација. Ако жената го сака тоа, а мажот не, жената ќе мора да го тужи мажот, ангажирајќи адвокат, што притоа носи големи финансиски трошоци. Многу жени – особено домаќинките кои немаа лични примања  не се во можност да го платат тоа“, рече Жонг Вен, адвокат за разводи со седиште во провинцијата Сечуан.

„Кина, нема развиена мрежа на прифатилишта за жртви на семејно насилство, што значи дека дури и ако жената успее да избега од својот насилен сопруг нема каде да оди“, додава адвокатот Вен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот