Кина после повеќе од половина година ги отвора кината: Салите ќе бидат полупразни, а ќе важат посебни правила

Profimedia
Фото: Профимедиа

Кинеските власти дадоа зелено светло за отворање на кината речиси шест месеци откако на сила стапи забраната заради епидемијата на коронавирусот.

Љубителите на филмови од понеделник ќе можат да ги посетат кината во подрачјата на кои ризикот од заразата веќе не е голем, но ќе мораат целото време да носат маски за лице.

Одлуката  е донесена откако беше соопштено дека филмската  индустрија на оваа држава претрпе огромни економски загуби, бидејќи кината се затворени уште при крајот на јануари, кога вирусот Ковид-19 изби во Вухан. Ниту едно место во Кина веќе нема „голем ризик“, но кината ќе бидат отворени во оние места каде нема никаква закана.

Секако, ќе важат посебни правила. Во салата може да влезат 30 отсто од вкупниот капацитет на публиката, а бројот на проекции ќе биде преполовен. Тие кои на влез ќе имаат покачена температура или не носат маски нема да можат да влезат во објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот