Кина попушти, реши да ги олесни ковид-мерките

Шангај, Кина ковид/ Фото EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Кинеските власти планираат да ги олеснат мерките против коронавирусот дозволувајќи им на луѓето кои се позитивни на ковид-19 да бидат ставени во карантин дома под одредени услови, објави Ројтерс, цитирајќи два извори со знаење за новите мерки.

Домашниот карантин нема да биде безусловен и нема да биде возможен за секого, но бремените жени, старите лица и лицата со хронични заболувања ќе бидат подобни за оваа мерка, објави Ројтерс.

Блиските контакти на болните ќе можат да се изолираат и дома доколку домашната средина исполнува одредени услови, велат изворите.

Кинеските градови Гуангжу и Чонгкинг вчера најавија ублажување на ограничувањата за коронавирусот, еден ден по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Гуангжу, пренесува Ројтерс.

Локалните власти во Чонгкинг одлучија да дозволат контакт со луѓе кои се позитивни на коронавирусот, но под одредени услови кои вклучуваат домашен карантин, потврди градскиот функционер.

Градот Гуангжу, кој се наоѓа недалеку од Хонг Конг, исто така најави олеснување на ограничувањата, но со рекордниот број на нови случаи на коронавирус низ целата земја, се чини дека има мали изгледи за голем пресврт во „нула-ковид“ политиката на претседателот Си Џипинг.

Сепак, демонстрациите се проширија во текот на викендот во Шангај, Пекинг и други градови.

На улиците на кинеските градови вчера беа видливи стотици теренски возила, комбиња и оклопни возила со ротирачки светла.

Кинескиот град кој остана заборавен од пандемијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот