Кина испрати осум тони медицинска помош за Грција

маски
Фото: МИА

Половина од помошта е од кинеската Влада, а другата половина од кинеската компанија „State Grid”, која поседува 24 отсто од акциите во грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија.

Со специјален лет на „Air China”, утрово во Атина пристигнаа осум тони медицински материјали и опрема, помош од Кина за Грција, а беа пречекани и примени од неколку министри од грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор еден милион медицински и хируршки маски, медицински ракавици, заштитни очила, медицински заштитни комбинезони, заштитни очила, за еднократна употреба и сл, наменети за грчките болници.

Половина од помошта е од кинеската Влада, а другата половина од кинеската компанија „State Grid”, која поседува 24 отсто од акциите во грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија.

На малата свеченост на примо – предавањето на помошта на атинскиот аеродром, од грчката Влада  присуствуваа министрите за здравство, за енергија и животна средина, државниот министер, алтернативниот министер за надворешни работи, како и генералниот секретар за меѓународни економски односи во грчкото МНР, додека пак од кинеска страна, амбасадорката на Кина во Атина.

Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис истакнаа дека е особено важна помошта од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот