Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок?!

фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Според шпанската „Марка“, еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе сака да го напушти ПСЖ во јануари.

Ова веќе често се шпекулира, наводно повторно францускиот репрезентативец е во конфликт со париските „светци“. Мбапе кој моментно вреди 160 милиони евра, има важечки договор со францускиот шампион до 30 јуни 2025 година.

Играчот уште во јули бараше да си замине од клубот, според изворот, првите луѓе на ПСЖ се согласиле на договор, но имаат еден услов. Мбапе не може да оди во Реал Мадрид, што е неговиот детски сон.

Причината за разделбата е предавството! Мбапе чувствува дека клубот го изневерил. Французинот во мај потпиша нов двегодишен договор со Пари Сен Жермен. Тогаш ПСЖ му даде некои големи ветувања на фудбалерот кој не можеше да ги исполни. Мбапе изрази незадоволство поради тоа.

– Навистина сум среќен што ќе ја продолжам авантурата во ПСЖ. Престој во Париз, во мојот град… Се надевам дека ќе продолжам да го работам она што го сакам со сите вас и заедно да освојуваме титули! Ви благодарам многу. Ова е мојот дом, мојот град, како што секогаш велев. Продолжувам со Пари Сен Жермен, заедно да освојуваме титули – рече Мбапе пред неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот