Киелце е пресилен, деветти пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер и во деветтото коло од групата „А“ е совладан во ракометната ЕХФ Лига на шампионите откако денеска во Полска загуби убедливо со 35:25 од Киелце.

Актуелниот македонски првак единствено водеше на самиот старт со 1:0 и 2:1, а потоа Полјаците до самиот крај на средбата го контролираа водството.

Најпрвин домаќините имаа предност од 6:3, па постепено одржуваа три-четири голови разлика, а непосредно пред паузата имаа и највисоки 18:12 во првото полувреме.

Во вториот дел само константно растеше предноста на Киелце кој отиде и на „двоцифрена“ разлика од 10 голови разлика (26:16) и тука веќе сите дилеми беа решени околу крајниот исход.

За Еурофарм Пелистер најефикасен беше Цехте со седум погодоци, пет запиша Пешевски, а по четири Борзаш и Радивојевиќ.

На табелата Киелце после петтата победа е на третата позиција со 12 бодови, колку што има и второпласираниот Алборг, а водечки е Кил со 13. Еурофарм Пелистер е на последната осма позиција без бодови.

Следниот меч играчите на тренерот Бранислав Ангеловски ќе го имаат на 7 декември во Битола против ППД Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот