Киднапиран Македонец во Тирана, киднаперите барале 250 илјади евра да го ослободат (ВИДЕО)

Албанската полиција уапсила две лица под обинение дека во Тирана вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра.

Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

Во рамки на полициската акција „Lake”, уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител на Струга, Македонија.

-Тројцата граѓани во соработка еден со друг кај планината Фарка, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В.(23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра, пренесуваат полициско соопштение албанските медиуми.

Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за понатамошно постапување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот