Ќерката на Кејт Мос, Лила Мос го освои модниот свет! (ФОТО)

Instagram

Планетарно популарната убавица ја знае цел свет, а нејзината убавина и талент ги наследи Лила Мос, нејзината ќерка.

Всушност, манекенката Кејт Мос ја добила Лила Грејс со Џеферсон Хек, сопственик на една издавачка куќа, а и двајцата се потрудиле ќерка им да биде што подалеку од страниците на жолтиот печат.

Јавноста долго време не знаела како таа изгледа, а кога почнала да се експонира се појавиле коментари дека е вистинска убавина. Лила решила да тргне по стапките на мајка си и уште од сега реди успеси во светот на модата, а нејзиното лице веќе краси бројни насловни страни по магазините.

View this post on Instagram

Thank you for having me @dior @mrkimjones ?

A post shared by Lila Moss (@lilamoss) on

Некои предвидуваат дека оваа прекрасна млада дама ќе има поголема слава дури и од Кејт. Се започнало со насловната страна за списанието „Вог“ на кое мајката и ќерката заедно позирале, а изгледа дека за младата Лила наскоро ќе дознае цел свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот