Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во посета на Ирска: Војвотката блескаше во зелен фустан! (ФОТО)

Кејт Мидлтон (38) и принцот Вилијам (37) пристигнаа во Ирска, каде што се состанаа со претседателот Мајкл Хигинс и неговата сопруга Сабина.

Војвотката од Кембриџ за оваа прилика одбра зелен капут и фустан во кои блескаше, додека војводата се одлучи за одело и кравата.

Profimedia

За војводата и војвотката од Кембриџ ова е прва официјална посета во странство од страна на членови на кралското семејство после Брегзит, а тие положија и венец во Градината на сеќавање посветена на сите кои го дале својот живот за независноста на таа земја.

„Никогаш да не ги заборавиме историските лекции и заедно да продолжиме да градиме блескава иднина“, пишуваше на венецот.

Profimedia

Додека сите се радуваа на нивното доаѓање, Кејт Мидлтон возврати така што им мафташе на присутните. Истото го направи и принцот Вилијам.

Инаку, оваа посета на Ирска е првата во скоро десет години откако тоа го направи неговата баба, кралицата Елизабета и така влезе во историјата, бидејќи тоа беше првата посета за таа земја од страна на владеечкиот британски монарх.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот