Кефалојанис: Одлагањето на стартот на преговорите не треба да ги разочара Скопје и Тирана

Донесувањето одлука за старт на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е одложено за мај 2020 и тоа не треба да ги разочара двете земји кандидати и нивните народи, вели претседавачот на Делегацијата на Европскиот парламент при Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија, Манолис Кефалојанис во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс” (ЕВБ).

– Двете земји треба да продолжат со напоите за целосно спроведување на неопходните реформи без отстапување од нивната европска ориентација и нивната европска иднина. Грција смета дека во сегашните околности ЕУ може да го започне пристапниот процес, кој би довел до нивно вклучување во големото европско семејство. Тоа е нешто што би придонело за стабилноста и мирот на балканскиот регион, кој има искуство на многу турбуленции изминативе векови- вели грчкиот европратеник Кефалојанис, кој е член на владејачката партија во Грција, Нова демократија.

Тој се надева дека до мај идната година „ќе бидат отстранети сите забелешки на Франција” и дека ќе почнат преговорите за членство со двете балкански земји.

Според Кефалојанис, евентуалното раздвојување на преговарачкиот процес на Северна Македонија и на Албанија би испратило „погрешна порака” и би предизвикало повеќе проблеми, отколку што би решило.

– Тоа би отворило повеќе прашања поврзани со политичката стабилност во Албанија и би предизвикало антиевропски дискурс меѓу албанските лидери и општество, кои би увиделе дека нивните напори биле залудни вели Кафалојанис во интервјуто за ЕВБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот