Ќе ви завидуваат сите комшии: Рецепт за АЈВАР кој секогаш успева

Profimedia

СОСТОЈКИ:
10 кг црвени пиперки
3 модри патлиџани
500 мл зејтин
сол
1 лажица шеќер

ПОДГОТОВКА:
Испечете ги пиперките. Кога ќе бидат печени, но не изгорени, оставете ги 15 минути во ќеса за полесно да се лупат.

ProfimediaОткога ќе ги излупите и ќе ги исчистите од семките, ставете ги во мрежаста цедалка да се цедат 1-2 часа.

Во меѓувреме испечете ги, излупете ги и исцедете ги модрите патлиџани.

Profimedia

Потоа и пиперките и модрите патлиџани ставете ги во тенџере и варете ги на не многу силен оган.

Откога ќе почне да врие, постојано мешајте го ајварот за да не ви загори.

Кога течноста од пиперките ќе испари, почнете да додавате зејтин.

Никако не го ставајте целиот зејтин одеднаш, туку постепено.

Кога зејтинот ќе почне да избива на површина, значи дека веќе не треба да ставате зејтин.

Тоа значи и дека ајварот ви е при крај.

Додадете сол, промешајте, оставете уште 10-15 минути да се повари со постојано мешање и тргнете го од оган.

Ставајте го ајварот во загреани тегли и убаво затворете ги.

Оставете ги теглите да се оладат, па следниот ден складирајте ги на ладно и темно место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот