Ќе се проширува граничниот премин кај Делчево од бугарска страна

Бугарскиот граничен премин Станке Лисичково ќе се проширува со цел полесно поврзување, најпрвин со службите од граничниот премин Делчево, а потоа и подобра патна поврзаност меѓу Бугарија и Македонија.

Според најавите на бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов, проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково може да се очекува наредната година.

-Во моментов е тендерска постапка за проширување на граничниот премин. Очекуваме на почетокот на следната година да имаме нов пункт со три ленти за поминување на границата. Тоа за трипати ќе ги зголеми капацитетите во споредба со сегашната една лента со која располагаме. Тоа е чекорот кој го правиме и транспортно да ја поткрепиме Република Северна Македонија за нејзино членство во ЕУ – рече Маринов.

Прочитајте и...  Антикорупциска прифати еден приговор од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција за утврдување одговорност на Филипче

Проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково ќе биде од огромно значење за жителите на двете страни од границата, бидејќи ќе има побрз проток на сообраќајот и ќе се избегнат застоите што ги има сега.

-Во одредени моменти на овој граничен премин се создава сообраќаен метеж што навистина претставува проблем за патниците кои понекогаш на бугарска страна чекаат и по два часа за влез во соседната земја. Ако ова се оствари, тоа би било одлично – велат патници кои денешниот неработен ден го искористија за кратка прошетка до соседна Бугарија.

Прочитај повеќе

За 24 часа регистрирани 415 прекршоци за неносење маска

Слободен печат

Седеа на клупа, полицајците брутално ги претепаа: Ова видео од Србија ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Слободен печат

На анкетите им се „истопи“ рејтингот во јавноста

Комисијата до Владата ќе достави предлог за задолжителен ПСР тест за граѓани од Србија, Косово, Бих и Црна Гора

Слободен печат

Болсонаро го спореди коронавирусот со дожд: На крајот сите ќе бидеме мокри

Слободен печат

Марковиќ: Кој и да победи на изборите ќе има јака опозиција која редовно ќе и „дише во врат“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Андоновиќ: Најава за нови протести во Белград – Револт поради новите мерки или обид за уривање на Вучиќ? (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Шкриељ: Единствен излез од сиромаштијата е вработувањето, продолжуваме на патот на социјалната реформа (ВИДЕО)

Слободен печат

СЗО: Признаваме, се појавуваат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздухот

Слободен печат

Новиот француски министер за внатрешни работи е под истрага за силување

Слободен печат

Директорот на ФБИ: Кина е најголемиот противник на САД

Слободен печат

Исмаил од Левица: За разлика од ВМРО ние не буткаме граѓански туку народен концепт, вработување на лица од посиромашни семејства (ВИДЕО)

Слободен печат