Ќе се изненадите со што се занимава: Ова е девојката на новата ѕвезда на Јувентус, Дејан Кулушевски! (ФОТО)

Познат стереотип е дека позади секој успешен спортист стои позната манекенка. Дека тоа не е така докажува новиот фудбалер на Јувентус, Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски.

Дејан Кулушевски пристигна во Јувентус / Фото: Инстаграм @dejank10

Младиот фудбалер е љубовна врска со фудбалерката Елдина Ванеса Ахмиќ, која исто така е од Шведска и настапува за фудбалскиот клуб Бромапојкарна, кој доаѓа од западниот дел на Стокхолм.

Елдина Ванеса Ахмиќ настапува за тимот Бромапојкарна (БП) / Фото: Инстаграм @eldinaahmic
Елдина Ванеса Ахмиќ (најдесно) настапува за тимот Бромапојкарна (БП) / Фото: Инстаграм @eldinaahmic

Елдина Ахмиќ по потекло е од Босна и Херцеговина, но исто како и Дејан Кулушевски, таа е родена во Шведска. 

Елдина Ванеса Ахмиќ / Фото: Инстаграм @eldinaahmic
Елдина Ванеса Ахмиќ / Фото: Инстаграм @eldinaahmic

Интересно е што таа минатиот месец го прослави својот 26. роденден и е дури шест години постара од Дејан (20), кој прв пат на својот инстаграм-профил сподели фотографија со својата девојка.

Дејан Кулушевски и Елдина Ванеса Ахмиќ / Фото: Инстаграм @dejan.k10

Инаку деновиве Кулушевски е во центарот на вниманието во фудбалскиот свет поради трансферот во „старата дама“, особено по неговиот дебитантски настап и дебитански гол против Сампродија.

Дејан Кулушевски со неговата сестра на трибините на Јувентус / Фото: Инстаграм @dejank10

Дејан и Елдина не ја експонираат премногу врската, но младата фудбалерка деновиве не можеше да ја сокрие среќата дека нејзиниот партнер Дејан потпиша за еден од најдобрите фудбалски клубови на светот, па поради тоа јавно му честита за успехот со објава на социјалните мрежи.

Дејан Кулушевски со неколку фотографии го прослави пристигнувањето во Јувентус / Фото: Инстаграм @dejank10

 

View this post on Instagram

 

♡ ♡ ♡

A post shared by ?????? ??????? ????? (@eldinaahmic) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот