Казната на Сити може да го врати Пеп Гвардиола во Барселона

twitter/EPL Most Views in 24 hours

Поранешниот фудбалер на каталонците, Ривалдо, смета дека неуспесите во Лигата на шампионите и неатрактивниот фудбал, може да го вратат Пеп на „Камп Ноу“.

Манчестер сити минатиот петок доби казна од УЕФА, две години нема право да игра во европските купови, а доколку судот во Лозана ја потврди казната, тогаш лесно може да се случи сензационален кам-бек на „Камп Ноу“.

Поранешната ѕвезда на Барселона, Ривалдо, смета дека во најцрното сценарио за Манчестер сити, поточно потврда на казната, тогаш Пеп Гвардиола може да направи сензационален кам-бек на клупата на Барселона.

– Манчестер сити е казнет со двегодишна забрана за настап во европските купови поради финансиски малверзации и непочитување на финансискиот фер плеј. Доколку му биде потврдена казната на Сити, тогаш се отвора можноста за Пеп Гвардиола да се врати во Барселона наредната сезона.

Мислам дека сето тоа ќе зависи од настапите на екипата оваа сезона. Доколку Барселона триумфира во ЛШ под водство на Кике Сетиен и притоа ја одбрани титулата во Ла Лига, тогаш нема да има промена на клупата. Но, доколку тимот не ги исполни очекувањата на навивачите, тогаш се отвора можност за Гвардиола да се врати во клубот каде ги имаше најголемите успеси како тренер – смета Ривалдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот