Казна за градоначалничката на Мали Лошињ, Хрватска, службениот автомобил го користела за приватни цели

Комисијата за спречување судир на интереси денеска ја казни градоначалничката од ХДЗ на Мали Лошињ, Ана Кучиќ со парична казна од 1.000 евра поради злоупотреба на службен автомобил со користење за приватни цели.
Комисијата донесе одлука дека функционерката Кучиќ го прекршил членот 7в од Законот за спречување судир на интереси, изјави портпаролката на комисијата Миа Јуриниќ.

Станува збор за злоупотреба на посебните права за користење службени автомобили“, нагласи Јуриниќ.

Таа е казнета со илјада евра затоа што 24 часа го користела службениот автомобил, иако таквата употреба не е утврдена со прописите на градот Мали Лошињ или со некој друг акт, објави Индекс .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот