Кавадарчанката Милица меѓу првите кои примија вакцина против коронавирус во САД

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Кавадарчанката Милица Глигоров е  меѓу првите кои примија вакцина против коронавирус во САД. За МИА појасни дека работи како менаџер во голема болница, а здравствените  работници имале приоритет при вакцинирањето.

– Воопшто не се плашев да се вакцинирам, бидејќи им верувам на науката и стручните кадри. Направив проучување на позитивните и негативните работи од примањето на вакцина и одлучив дека сепак најдобро е да се вакцинирам. Негативните ефекти од американската вакцина на „Модерна” се минимални. Самиот чин на вакцинирање беше безболен. Многу луѓе во САД едвај чекаат вакцинирањето да им биде достапно. Особено млади и едуцирани. Од искуство можам да кажам дека вирусот постои и на дневна основа досега имавме пациенти кои не успеваа да се изборат со него, раскажа младата кавадарчанка која со своето семејство живее и работи во САД.

Нејзината препорака е сите луѓе да се чуваат, да ги слушаат препораките на експертите и своите матични лекари. Да не се информираат од погрешни и непроверени извори. И добро да размислат, кога носат одлуки за сопственото здравје.

Втората доза ќе ја прими на 10 февруари.

– И понатаму остануваат препораките за превентива со заштитни маски и одржување дистанца. Но со вакцинирањето се чувствувам позитивно зашто верувам дека нема да се заразам со вирусот. Затоа што сепак никој не знае како би поминал доколку е позитивен на Ковид-19. Мислам дека со вакцината е испишана историја против оваа најнова пандемија, децидна е таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот