Основен суд Кавадарци / Фото: DE Ackern / Google Maps

Кавадарчанецот кој душмански го уби сопствениот брат доби најстрога казна

Доживотен затвор доби жителот на Кавадарци кој летово го уби сопствениот брат од користољубие, пресуди судот во Кавадарци, информираа попладнево од Јавното обвинителство.

Од ОЈО потсетија дека:

„Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат Илија Иванов. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште двапати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди. Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена, исто така, се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети.“

Додека се барало телото, осудениот кавадарчанец трошел пари од картичката на убиениот брат, велат од ОЈО.

Обвинението беше поднесено на 28 октомври, а обвинетиот во целост го признал начинот на извршување на делото, онака како што било наведено во обвинителниот акт.

При изрекувањето на пресудата, Судот донел решение со кое на осудениот му го продолжил притвотор до почетокот на издржувањето на казната доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот