ГАЛЕРИЈА: Катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје низ фотографии и видеа

Колаж: СП. / Профимедиа

Земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, кој траел долги 17 секунди, регистриран е на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути. Токму во тоа време, над македонската престолнина која се уривала, летал еден холандски авион.

Запрепастен, пилотот од вoздухот гледал како Скопје полека исчезнува. Кога дошол при себе од првиот шок, тој на светот му ја соопштил трагичната вест: Скопје е урнато!

Скопскиот земјотрес се почувствувал на површина од преку 50.000 километри квадратни, а се смета дека неговиот епицентар бил кај населбата Злокуќани. Повеќе од 1000 луѓе загинаа, повеќе од 3000 беа повредени.

Поради неговата јачина во Скопје до темел беа урнати 15.800 станови, двојно повеќе беа оштетени, а повеќе од 200.000 луѓе останаа без покрив над глава.

Исчезнаа симболите на Скопје – Стариот театар, Домот на армијата, зградата на Народна банка, хотелот „Македонија“ беше срамнет со земја, урнат беше и поголемиот дел од железничката станица подигната во 1938 година, која во тоа време се сметаше за најмодерна на Балканот.

Кога веста за катастрофата го обиколи светот, Скопје стана град на солидарноста. Помошта стигнуваше од сите континенти.

„Се сеќавам на сè, и плачот и прашината, трчањето на луѓето во потрага по роднините и пријателите. Дали се живи, што се случи? Сè беше цела вечност. Во далечината изгледаше како нешто да гори“, се присетува Ана која тогаш имала 8 години.

Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започна масовно да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. 78 земји им помогнаа на жртвите од земјотресот и одново го изградија Скопје со парична, медицинска, инженерска поддршка, градежни тимови и набавки.

За првпат од 1945-та година, во Скопје во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнааа американски и советски воени сили- војниците на САД и СССР имаа можност да се запознаат и ракуваат во Скопје, тие заеднички им помагале на скопјаните.

Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз – Тито, изјави:

„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност!“

Скопје по земјотресот: Југословенската делегација предводена од Јосип Броз Тито, на улица „Иво Рибар Лола“

Овие букви беа изработени од стиропор и закачени на старата железничка станица како меморијал за солидарноста во изградбата на пост-земјотресно Скопје. Пораката била отстранета во 2000 година од страна на тогашниот директор на Музејот, со објаснување дека буквите ќе се заменат со нови, а ѕидот ќе се реконструира. По 20 години, тоа сè уште не е направено во автентичната форма.

Музеј на Град Скопје

Пабло Пикасо донираше слика во Музејот на современата уметност, изграден од страна на Владата на Полска и архитекти од Полска. Обединетите Нации побараа од јапонскиот архитект Кензо Танге да придонесе за обновувањето на Скопје. Меѓународниот придонес беше огромен.

До ден денешен градот ја слави меѓународната солидарност. Многу улици, објекти, па дури и сите населби ги носат имињата на земјите, лицата или компаниите кои придонеле за обновата на градот.

На пример, поликлиниката која е донација од Романија, го носи името Букурешт; неколку улици и патишта го добиле името според Мексико, Варшава, Прага, Џон Кенеди… Но, не сите имиња се официјални. Урбаниот фолклор исто така се одржува во живот. Обединетото Кралство испрати 49 кралски инженери (високо ценето воено инженерско тело) пронаоѓачот и основач на „Дексион“, Димитриј Комино обезбедил материјали за градење на рамки, доволно за изградба на две села во агломерацијата на Скопје, едно од нив наречено Дексионград. Има неколку населби во градот именувани како „Шведски бараки“, „Фински касарни“ или „Руски згради“.

По земјотресот градот почна да се гради според модерните проекти на јапонецот Кензо Танге и на Адолф Циборовски.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Изградба на Козле
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Изградба на станови во Козле
Изградба на Маџари
Здравствен дом, Драчево
Бутел
Скопје центар
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Хала еден на скопскиот саем
Привремена зграда на МНТ
Долно Нерези, донација од Норвешка
Населба Железара
Храна за работниците
Ѓорче Петров
Драчево
Брза помош на Бит Пазар
Новата населба Ново Лисиче
Нови услови за живот
Прв ден по земјотресот
Помош на настрадани
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот