Касами: Чекаме Алијансата за Албанците да организира средба на трите партии

После состанокот на Централното раководството на Движењето Беса во Тетово, претседателот на партијата Билал Касами, рече дека тие како политички субјект се во исчекување Алијансата за Албанците да го одржи зборот и да организира средба помеѓу трите партии. Касами ги обвини Алијансата за Албанците и Алтернатива дека не комуницирале директно со нив за евентуален договор за заеднички настап на изборите на 12 април. Тој додаде дека повиците за трипартитна коалиција преку медиумите биле тактизирање и политичка игра.

– Ние и понатаму очекуваме Алијансата да опстои на дадениот зборот на почетокот, да седнат трите партии и да дискутираат заеднички за модалитетите на евентуалната соработка- рече Касами.

На прашањето дали Движењето Беса може да коалиционира со СДСМ во случај да добијат понуда, Касами рече дека доколку има понуда, тогаш Централното раководство ќе одлучи за таквата евентуална понуда.

Касами истакна дека нивниот главен опонент е ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот