КАРТЕР Е НЕУНИШТЛИВ: Ќе ја игра 22. сезона во НБА лигата
Легендарниот Картер доколку одигра само еден натпревар во новата сезонаќе стане првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој играл 22 сезони. Доколку заигра на еден натпревар во 2020 година ќе стане првиот кошаркар кој играл дури во четири различни децении.
Картер потпиша едногодишен договор со Атланта хоукс за која настапуваше и минатата сезона, а финансиските детали од договорот не се објавени.
.
Vince Carter
❝ ??? ??????????? ❞
₂₀₁₉ pic.twitter.com/U7OUz8M63T— Atlanta Hawks (@ATLHawks) September 20, 2019
Винс Картер минатата сезона настапи на 76 натпревари, на девет беше стартер и постигнуваше просечно по 7.4 поени по натпревар.
Пред Атланта, Винс Картер настапуваше уште и за Сакраменто, Мемфис, Далас, Феникс, Орландо, Њу Џерси и Торонто. Тој во НБА лигата влезе 1998 година како петти пик и беше избран од страна на Торонто репторс.
Има осум настапи на ол стар натпреварите, а во најдобрата сезона во кариерата ја имаше како член на Торонто кога постигнуваше по 27.4 поени по натпревар.