Карлеуша по повод озборувањата за развод: Зло, омраза и љубомора!

Принтскрин/Инстаграм

Откако таблоидите се преполнија со шпекулации за можниот развод на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, со реакција се јави пејачката.

На сите им е јасно дека таа поминуваше низ тежок период, особено откако се појавија гласини дека го изневерила сопругот со фудбалерот Огнен Врањеш, кој пак го искористи тоа за да објави интимни информации за нивната наводна врска.

Во меѓувреме, таа ја изгуби и својата мајка, нешто што тешко го поднесе, а потоа медиумите шпекулираа дека Тошиќ чекал да поминат 40 денови за да ѝ ги даде документите за развод.

Овие шпекулации уште повеќе ги подгреа и нивното меѓусебно отследување од Инстаграм.

Но, на тоа, пејачката имаше да каже само три збора: Зло, омраза и љубомора!

Принтскрин/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот