Карди Би со провокативна фотографија ја покажа новата тетоважа која се протега низ целото тело!

Инстаграм

Американската раперка Карди Би (27) повторно ги шокираше своите обожаватели со провокативни фотографии во виолетови бикини.

Пејачката се пофали со новата тетоважа на Инстаграм, која ја има од рамената, преку грбот и задникот се до внатрешниот дел на колената, така што објави провокативна фотографија која ја заинтригира имагинацијата на многумина.

Тетоважата има цветови и листови во црвена, зелена и жолта нијанса и како што вели таа, ја правела со месеци, а сега конечно ја покажа на сите.

Карди на оваа слика доби повеќе од 4 милиони лајкови.

View this post on Instagram

How y’all doing on this beautiful Monday ?

A post shared by Cardi B (@iamcardib) on

Раперката е позната по тоа што постојано ги менува периките, а и често се тетовира. Таа на телото има 10 впечатливи тетоважи, а минатата година го истетовира и името на својот сопруг Офсет, на левата нога.

View this post on Instagram

My papasoteee

A post shared by Cardi B (@iamcardib) on

Офсет исто така го има истетовирано името на својата сопруга на десната страна од вратот, а познато е и дека раперката неодамна му подари пола милион долари за 28 роденден.

Карди Би и раперот Офсет се венчаа пред 3 години, а во 2018 година ја добија ќерката Култур, која на 10 јули годинава ќе го прослави својот 2 роденден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот