Караџовски: Нема потреба да се прекине наставата во училиштата поради грипот

Фото: МИА

Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата, бидејќи за да се прекине настава потребно е да се донесе одлука на ниво на Влада, која прогласува епидемија на ниво на држава, истакна денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, посочи, се тие што даваат предлог за прекинување на наставата, а досега таков предлог не е направен, ниту ќе се направи во следните денови.

– Се работи за заболување кое сега го има врвот. Пикот на грипот се очекува оваа и следната недела. Согласно епидемиолошките критериуми за грип сега ќе се зголеми бројот на заболени, а во периодот што следи заради подобрување на времето и пролетните температури бројот ќе биде намален. Секој респираторен вирус и секое респираторно заболување не значи грип, секое респираторно заболување не значи бронхит и бронхопневмонија. Нормално е да има кивање, кашлање, нормално е сега да има, во сред лето нема грип – додаде д-р Караџовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот