Кандидат за претседател на Барселона ќе ги ангажира Халанд, Мбапе и Нејмар!?

Фото: goal.com

Еден од кандидатите за претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Емили Русо вели дека ќе се бори за потписите на Килијан Мбапе (ПСЖ) и Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд).

Барселона ќе ги одржи претседателските избори на 24 јануари 2021 година, а Русо претходно објави дека негова цел ќе биде и Нејмар, а Бразилецот токму од „Камп Ноу“ се пресели во ПСЖ пред 2017 година.

За Нејмар истакна дека е невозможно да се донесе Нејмар во овој период, но планира да го ангажира по истекот на договорот со париските „светци“ во 2022 година.

За Халанд и Мбапе не е прецизирано кога Русо планира да ги обезбеди, но тој најави дека тоа ќе биде неговата цел.

Еден од ривалите на Русо е Виктор Фонт кој пак најави дека ќе ги донесе Чави и Жорди Кројф во клубот. Тие веројатно би ги воделе позициите тренер и спортски директор.

Можат да си заминат „ за џабе“, од 1. јануари Меси, Агуеро, Рамос се слободни да преговараат со нови екипи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот